Емери: Мбапе би бил најдобар во светот само ако оди во Шпанија

Унаи Емери верува дека младиот офанзивец на ПСЖ, Килијан Мбапе треба да ги „спакува куферите“ и да се пресели во Шпанија ако сака да биде најдобар во светот.

Емери соработуваше со Мбапе додека беше на клупата на ПСЖ, а поранешниот тренер на Арсенал верува дека шпанската Ла Лига е вистинска средина за младиот Французин.

„Би сакал да го видам Мбапе во Ла Лига. Би можел без конкуренција да биде најдобар во светот само ако се приклучи на врвен шпански клуб“ – вели Емери. Мбапе претходно се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а шпекулациите за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ повторно се активираа по неговиот судир со тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

Се вчитува...