Емери првото засилување го носи од Кина?

Белгискиот интернационалец Јаник Караско ќе биде првото засилување на Арсенал, пренесуваат медиумите во Европа. Кинескиот Далиан Јифанг за услугите на Белгиецот бара 30 милиони евра, сума која премиерлигашот е подготвен да ја исплати, бидејќи Караско има искуство во топ 5 лигите во Европа, бидејќи пред заминување во Кина, ги бранеше боите на шпанскиот Атлетико Мадрид.

Покрај Арсенал за услугите на Караско заинтересирани се и Милан и Интер, но сепак изгледа трансфер на Апенините нема да се случи. Покрај за Атлетико Мадрид и Јифанг, Караско во кариерата настапуваше и за Монако од каде во 2015 се пресели во тимот од „Ванда Метрополитано“.

Се вчитува...