Емил Божиновски контролор на мечот Хрватска – Шпанија

Еден од нашите поранешни најдобри фудбалски судии, денес на листата на контролори за судење на УЕФА Емил Божиновски ќе може на стадионот на Пољуд во Сплит да види дали фудбалерите на Хрватска се имааат опоравено по онаа невидена катастрофа во мечот со Англија кога беа поразени од репрезентацијата на Англија дури со 7:0 на стадионот Кантрида во Риека. Од страна на комисијата за делегирање на УЕФА тој е одреден да биде контролор на натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија што се игра на 6 октомври. Без оглед на дебаклот на Хрватска против Англија, овој меч е сепак дерби на колото во Лигата на нации во А групата во која се наоѓа уште и селекцијата на Чешка.

По три одиграни кола на табелата води Шпанија со 9, пред Англија со 6, Хрватска 3 и Чешка без бодови. Интересни се нивните меѓусебни досегашни резултати. Чешка-Англија 0:2, Шпанија -Хрватска 4:1 ,Англија – Шпанија 2:3, Чешка – Хрватска 1:2, Шпанија – Чешка 3:1 и Хрватска-Англија 0:7.

Откако е на контролорска листа Божиновски бил контролор на судењето на репрезентацијата на Шпанија против Португалија и Холандија, за првпат против Хрватска.

Се вчитува...