Македонските претставници на Фудбалската федерација на Македонија, добиваат се позначајни улоги и се потешки мечеви во делегирањето во Европските купови од страна на членовите на комисиите на УЕФА. Нема коло а да не патуваат во Европа. Мината недела Емил Божиновски, еден од нашите поранешни најдобри судии, го контролираше судењето на дерби мечот во Лигата на нации во Сплит мегу Хрватска и Шпанија, пред тоа во Тирана меѓу Албанија и Сан Марино, а веќе доби нова задача. Тој ќе го контролира судењето во второто коло во групната фаза во Лигата на Европа, во Шпанија, меѓу Селта и еден од најдобрите италијански клубови Јувентус . Мечот се игра во Виго на 15 октомври. Во првото коло Јувентус ги победи клубот НЕЦ од Холандија со 5:0, додека Селта загуби од Омонија на Кипар со 1:0.
Ќе патува и Филип Поповски за Словачка, на натпревар во рамките на Лигата на европските шампиони. Од страна на комисијата на УЕФА тој како делегат ќе се грижи да биде се според пропозициите и правилата на мечот од второто коло меѓу Слован и германскиот супер лигаш Штутгарт. Натпреварот се игра во Братислава на 14 октомври. Во првото коло Слован загуби од Пари Сен Жермен со 6:1, додека Штутгарт го победи Викинг со 3:1. Пред две недели Поповски беше во Прага делегат на средбата мегу Чешка и Англија во рамките на Лигата на нации.
УЕФА не ја заборави и Александра Пејковска која минатата сабота престојуваше во Тбилиси во Грузија. Беше делегат на бараж натпреварот меѓу женските фудбалски репрезентации меѓу Белорусија и Италија во рамките од квалификациите за светското првенство. Според одлуката на УЕФА наместо во Белорусија средбата се одигра во Грузија. Пред овој меч Пејковска беше делегат на средбата на Кипар меѓу Омонија и Селта Виго/1:0/
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
