Емилио Бутрагењо и Луис Саха го најавија Суперкупот: Ќе има мегаспектакл во Скопје

Скопје и „Телеком Арена“ на 8.август ќе бидат во фокусот на светската фудбалска јавност, која ќе го следи мечот од Суперкупот на Европа меѓу европскиот првак Реал Мадрид и победникот на Лигата на Европа, Манчестер јунајтед. Ќе биде тоа мегадуел на големите европски гиганти, а Македонија ќе биде центарот на светот.

Како промотери на Суперкупот, во Скопје пристигнаа Емилио Бутрагењо, директорот на Реал Мадрид, и Луис Саха, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, кој сега е дел од клупските структури. Најавија дека Суперкупот ќе биде вистински празник, а двата клуба посакуваат да го освојат трофејот.

butragenjo superkup

„Ви благодарам за гостопримството. Дојдовме вчера, и веќе ја почувствувавме добрината на Македонија. Мило ми е што тука ќе се одржи ваков мегадуел, бидејќи ќе играат едни од најдобрите фудбалски екипи во светот. Ние како Реал Мадрид, сме многу среќни, затоа што оваа сезона ги освоивме и Ла Лига и ЛШ. Имаме добар состав, но знаеме дека Манчестер јунајтед ќе биде тежок противник. Секој меч за Реал е ново финале, и секако дека сакаме да го освоиме и овој трофеј“, изјави Емилио Бутрагењо.

Луис Саха, како претставник на Манчестер јунајтед, се надева дека „црвените ѓаволи“ на 8.август во Скопје ќе се радуваат на пехарот во Суперкупот на Европа.

butragenjo i saha superkup 2

„Ви благодарам што ја имам можноста да зборувам за Манчестер јунајтед, тоа е тим кој сака константо да се докажува. Задоволство и престиж е да се игра против Реал Мадрид. Уште поголемо задоволство е што ќе го видиме Роналдо против својот Јунајтед. Нормално, тие се фаворити, ја одбранија титулата во ЛШ, но и Манчестер јунајтед има шанса да направи нешто специјално. Роналдо е феноменален, но пријатно сум изненаден и од тренерот Зинедин Зидан. Играв со него во репрезентацијата на Франција и не ни помислував дека еден така мирен човек би можел да биде тренер. Но, Зидан стана одличен тренер и веќе го освои и пехарот во ЛШ. Тоа секако е импресивно“, истакна Луис Саха.

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, на претставниците на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед, на крајот им подари и по еден дрес од македонската фудбалска репрезентација.

butragenjo i saha superkup 1

Се вчитува...