Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го предупредиле премиерот Енди Барнам, дека ќе повлечат милијарди фунти инвестиции од Обединетото Кралство како одмазда за пресудата со која Манчестер Сити беше прогласен за виновен, пишува англиски „Телеграф“.
„Телеграф“ пишува дека кралството од Блискиот Исток се заканило дека ќе стопираат милијарди фунти кои англиската влада се обидувала да ги обезбеди преку приватни инвестиции за високотехнолошки центар во Оксфорд и Кембриџ, проект кој Владата го претставува како британски одговор на Силиконската Долина.
Весникот пишува дека претседателот на Манчестер сити, Калдун Ал Мубарак, се сретнал со Џонатан Рејнолдс, министерот за бизниси трговија две недели пред Премиер лигата да објави дека го прогласила Манчестер сити за виновен за прекршување на финансискиот ферплеј.
Од Министерството демантираат дека се разговарало за казната за Манчестер Сити, но, „Телеграф“ тврди дека уште тогаш Мубарак знаел дека „граѓаните“ ќе прогласени за виновни, иако деталите сè уште не биле јавно објавени.
Деталите од средбата се чуваат во тајност, но делегацијата од ОАЕ ја предупредила Владата дека милијарди фунти идни инвестиции би можеле да бидат повлечени поради скандалот со Манчестер сити.
Мубарак, покрај тоа што е претседател на Манчестер Сити, е и извршен директор на Мубадала, еден од суверените инвестициски фондови на ОАЕ, кој управува со средства во вредност од речиси 300 милијарди фунти.
Според извештаите, во изминатите пет години Обединетите Арапски Емирати вложиле повеќе од 30 милијарди фунти во клучни сектори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
