Емотивна исповед на фудбалер на Фиорентина: Се плашам, луѓето умираат, а немаат достоинствени погреби

Фудбалерот на Фиорентина Енрике Далберт  изјави дека се плаши за себе и семејството поради пандемијата која владее во Фиренца и во Италија. Италија е најголемото жариште на коронавирусот и најзагрозена земја во светот.

„На Италија долго и требаше да ја сфати тежината на ситуацијата и да ги преземе вистинските мерки. Многу луѓе умираат, немаат ниту достоинствени погреби. Ситуацијата е многу тешка, семејствата не смеат да ги погребаат најблиските. Сите се очајни. Тука сум со семејството, но многу се плашам“, изјави Далберт. 

Во Италија до денеска се забележани 63.927 случаи, од кои дури 6.077 луѓе починале.

Се вчитува...