Емотивна средба на Ибра и Станковиќ: Тој ми е како брат (ФОТО)

Црвена Звезда и Милан по ремито во Белград (2-2), синоќа повторно ремизираа на „Сан Сиро“ (1-1), а Италијанците беа оние кое ќе продолжат во следната фаза од Лигата на Европа, благодарение на двата гола постигнати на гостински терен.

По натпреварот во прес-зоната се сретнаа Златан Ибрахимовиќ и Дејан Станковиќ кои заедно настапуваа во Интер, а по жестоката борба на теренот поранешните соиграчи ја искористија шансата да се гушнат, слика која брзо го заобиколи „стартиот континент“.

По краткиот разговор со Ибрахимовиќ, сегашниот тренер на Црвена Звезда кратко изјави: „Тој ми е како брат“.

Како потсетување, Ибрахимовиќ и Станковиќ заедно ги бранеа боите на Интер од 2006 до 2009 година, а нивното пријателство е изразено во повеќе облици. Швеѓанецот беше меѓу првите кои ја поздрави хуманитарната акција на Станковиќ по поплавите во Србија, а голгетерот на Милан го подржува и неговиот тренинг камп.

 

Се вчитува...