Емотивно писмо на навивачите на Аталанта – По овој масакр за нас е готово

Навивачите на калчолигашот Аталанта се против можноста за продолжување на сезоната во Серија А. Додека голем дел од Италија се надева дека по крајот на пандемијата од коронавирусот фудбалот ќе продолжи, навивачите од Бергамо не се оптимисти и сметаат дека е голема лудост да продолжи домашниот шампионат.

„Историскиот масакр во нашиот град заслужува и историска одлука. Во вака трагичен момент нема место за фудбал. Аталанта мора да биде пример: Ова првенство поради Ковид-19 е завршено“, стои во пораката од верните навивачи на клубот. 

Аталанта во моментов е петтопласирана на првенствената табела, а успеа да обезбеди и четвртфинале во Лигата на шампионите откако беше подобра од Валенсија.

Се вчитува...