Емоција, борба, предизвик: Чупино ја собра елитата на треил возбудата (ФОТО)

Виница годинава по вторпат беше домаќин на спортскиот настан Чупино Треил, кој опфати три трки Чупино Треил од 40км (2000м +Д), Бумбарска Треил од 16км (550 Д+) и Алми Детска трка. Предизвикувачките живописни патеки на Плачковица повторно си ги покажаа своите убавини и собраа одлична селекција тркачи од регионот.

На трката на 40 километри во 8 часот стартуваа 40 тркачи од кои 39 успешно ја завршија трката. Победата во машка конкуренција му припадна на Ивајло Атанасов кој делницата од 40 километри ја помина за 4:06:56 секунди, што беше за 3 минути и 29 секунди побрзо од второпласираниот Марјан Бонев од Македонија. Со бронзата се закити Дејан Тодевски. Кај дамите приматот за најуспешна и припадна на Сања Најдовска, која победи пред Ивана Јовановска и Катерина Николовска.

На пократката делница од 16 километри стартуваа 103 тркачи и сите успешно финишираа. Кај мажите на подиумот се искачија Мирослав Спасов, Дејан Ангеловски и Игор Јакимовски, додека кај дамите Марија Пеликoн од Македонија, Брук Филиповски од Австралија и Талија Петреска од Македонија.

Чупино Треил 40km 2000 D+

1.Ивајло Атанасов 4:06:56

2. Марјан Бонев 4:10:25

3. Дејан Тодевски 4:11:43

Победници на трката во женска конкуренција се:

1. Сања Најдовски 5:37:42

2. Ивана Јовановска 5:50:00

3. Катерина Николовска 6:39:27

Бумбарска Треил 16km 550 D+

1. Мирослав Спасов 1:13:00

2. Дејан Ангелоски 1:17:28

3. Игор Јакимовски 1:20:55

Победници на трката во женска конкуренција се:

1. Марија Пеликон 1:41:57

2. Brooke Filipovski 1:44:02

3. Талија Петреска 1:45:31

Се вчитува...