Емполи промаши пенал, Рома среќно победи

Рома по слабиот старт на сезоната конечно успеа да врзе три победи по ред и да се искачи при самиот врв на табелата. „Волчицата“ вечерва славеше со 0-2 на гостувањето против Емполи, но мора да се каже дека триумфот е среќен со оглед на шансите што домаќините ги пропуштија во првото полувреме.

Нзонзи донесе предност на Рома со прецизен удар со глава во финишот од првото полувреме, но голем дел од вториот дел мина во доминацијата на Емполи. Домаќините дури имаа и пенал за израмнување, но Капуто биеше крајно непрецизно во 58. минута, Емполи потоа промаши уште неколку убави шанси пред Един Џеко да стави точка на мечот со гол за 0-2.

 

 

Се вчитува...