Енди Керол конечно најде нов клуб, Англичанецот ќе ја продолжи кариерата во Ридинг

Поранешниот англиски репрезентативец Енди Керол конечно најде нов клуб и денеска одлучи да потпише договор за соработка со Ридинг.

На клупата на англискиот клуб седи Вељко Пауновиќ, а како што беше најавено, 32-годишниот фудбалер потпишал на соработка до средината на јануари 2022 година.

Последен клуб за кој играше Керол беше Њукасл (2019-21), а претходно беше во Вест Хем (2013-19), Ливерпул (2011-13) и Њукасл (2006-11).

Керол за репрезентацијата на Англија одигра девет натпревари и запиша два гола. Ридинг по 17 кола е само 16-ти во Чемпионшип со седум победи, едно реми и девет порази.

 

 

 

 

Се вчитува...