Бразилците со серија од три победи влегуваат во претстојните мундијал откако оваа моќна репрезентација синоќа славеше и на „генералката“ во која за противник го имаше Египет (2-1).
Дуелот одигран во Кливленд почна извонредно за „кариоките“, кои по само неколку минути игра поведоа преку Бруно Гимараеш.
Радоста кратко траеше откако Маркињос направи огромна грешка, а Мостафа Зико се најде на вистинското место и го израмни резултатот.
Бразил сепак дојде до втор погодок преку Ендрик, откако младиот „бисер“ на Реал Мадрид се најде на вистинското место по асистенцијата на Рафиња и ја смести топката во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
