„Енфилд“ емотивно се прости од својот миленик Боби Фирмино (ВИДЕО)

Ливерпул со реми на домашен терен против Астон Вила (1-1) најверојатно ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Единствениот погодок за „црвените“ беше дело на Роберто Фирмино кој стрелаше во 90. минута. За Бразилецот ова беше последен погодок во дресот на Ливерпул на домашен терен, бидејќи на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Целиот „Енфилд“ по мечот емотивно се збогува од еден од своите омилени фудбалери кој беше дел од шампионската генерација предводена од Јирген Клоп која стигна до сите трофеи.

 

Се вчитува...