Фудбалерите на ПСЖ вечерва од 21 часот ја започнуваат одбраната на титулата во Лигата на шампионите и тоа пред своите гледачи на „Паркот на принцевите“, а противник им е Слован Братислава.
„Светците“ лошо ја започнаа новата сезона, по победата над Астон Вила во Суперкупот на УЕФА, нанижаа четири натпревари без победа. Во Суперкупот на Франција, ПСЖ загуби од Лил, во Лига 1 има учинок од две ремија и пораз во дербито против Монако. Шпанецот е убеден дека по вечерашниот дуел, работите ќе тргнат на подобро.
„Што се однесува до резултатите, почетокот на сезоната ни е катастрофален. Постојат работи кои мора да се поправат. Мислам дека заслужуваме да имаме повеќе поени, но фудбалот е таков и мора тоа да го прифатиме. Работиме на тоа да бидеме подобри, мора да ја подобриме реализацијата, но и да останеме фокусирани во текот на целиот натпревар“, изјави Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
