Ентони Дејвис месец дена надвор од терените

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис повторно еден месец ќе мора да биде надвор од терените. По деталните прегледи утврдена е повреда на стапалото која ја заработи на дуелот со Јута Џез. Повредата е поозбилна него што се чинеше на прва, иако за среќа нема скршеница.

Продолжува катастрофалната сезона за популарната „веѓа“ откако претходно мораше да пропушти 17 мечеви поради повредата на лигаментите на коленото. Минатата сезона тој отсуствуваше на 36 натпревари поради повреда на листот на петата, а потоа во паузата меѓу двете сезони имаше и повреда на препоните.

Се очекува Дејвис да пропушти дури 11 од последните 24 натпревари на лејкерс, а како игра годинава тимот од ЛА ќе биде многу тешко да направат поголем успех во плеј-офот.

Се вчитува...