Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони кој неодамна се најде во центарот на скандал за насилство кон неговата поранешна девојка Габриела Кавалин се врати од Бразил во Англија каде го очекува испрашување од страна на полицијата.
Според англиските медиуми Бразилецот доброволно се пријавил во полициската станица и ќе го приложи својот телефон како доказ со цел расчистување на случајот. Ентони смета дека е невин, но не му помага фактот дека по Кавалин за ист престап доби пријава од уште две поранешни девојки.
Поради случајот 23-годишникот беше отстранет од списокот на повикани играчи во репрезентацијата на Бразил, а нема да настапува ниту за Манчестер Јунајтед се додека не се расчисти случајот.
Интересно ова не е прв случај поврзан со семејно насилство од редовите на Манчестер Јунајтед во последните години. Претходно низ ист процес помина и Мејсон Гринвуд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА