Еден од најдобрите англиски судии Ентони Тејлор направи голема грешка на натпреварот помеѓу Њукасл Јунајтед и Вулверхемптон во Премиерлигата каде досуди непостоечки пенал со кој домашниот тим стигна до водство од 2-1 во натпреварот кој заврши со реми од 2-2.
По натпреварот тренерот на Вулверхемптон, Гери О’Нил ја нарече одлуката на Тејлор скандалозна, а искусниот судија претрпе и критики од тренерот на Њукасл Јунајтед, Еди Хау кој делумно се сложи со неговиот колега, како и легендата на овој клуб Ален Ширер.
„Мислам дека тоа не беше пенал, не можам да сфатам зошто судијата го досуди тоа со оглед на сите можни снимки и можности повторно да ја прегледа ситуацијата“, прокоментира Ширер.
Судиската огранизација му се извини на Вулверхемптон за пропустот и воедно го казни искусниот судија делегирајќи му натпревар во втората лига. Тејлор ќе суди на средбата помеѓу Престон и Ковентри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА