Енцо Фернандез штрајкува во Бенфика – сака во Челси!

Енцо Фернандез прави се што е во негова моќ за да го осигура трансферот во Челси, па аргентинскиот фудбалер дури и почнал штрак во својот клуб Бенфика. Тој уште во текот на минатата седмица

Челниците на португалскиот гигант биле бесни на најдобриот млад фудбалер од СП во Катар, откако тој воопшто не се појавил на тренинзите закажани во тренинг-базата во првите два дена од јануари. Дека ќе следи санкција тоа е повеќе од јасно, но претседателот Руи Коста бесен на односот на младиот Аргентинец му порачал и дека ќе добие суспензија од клубот доколку денеска не биде присутен на тренинзите на Бенфика.

Фернандез утрово меѓу првите дојде во тренинг-базата, по што се упати на разговори со Руи Коста и со тренерот на Бенфика.

Во договорот на Фернандез има клаузула за раскин од 120 милиони евра што Челси би ја платил, но лондонскиот клуб во тој случај би морал одеднаш да ја исплати целата сума. Понудата на Челси изнесува 127 милиони евра, но пари кои би биле платени на рати во рок од три години. Руи Коста тактизира во преговорите, од друга страна Фернандез притиска за трансфер, па останува да се види дали Бенфика ќе бара повеќе пари, или ќе даде зелено светло за Аргентинецот да стане најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата.

Се вчитува...