Франција и Холандија ги продолжија победничките серии од стартот на ЕП 2024 откако двата кандидата за злато триумфално ја почнаа и главната фаза од шампионатот.
Французинките неочекувано 50 минути се мачеа против Романија, но на крајот сепак успеаја да се одлепат резултатски и да триумфираат со 30-25. Резултатот на полувреме гласеше 12-9, Романките се вратија и до десетина минути до крајот се играше егал, но Франција имаше повеќе искуство и квалитет во финишот, стигнувајќи до својата трета победа на ова ЕП. Клое Валентини со шест гола беше најефикасна кај Франција, пет постигна Грание, а значаен придонес за победата имаше и голманката Сако, која влезе во вториот дел и собра седум интервенции со 46% успешност.
Холандија рутински ја одработи својата задача против Словенија, славејќи со 26-22 благодарение на второто полувреме откако на одмор се замина со израмнети 12-12. Тен Холте бранеше одлично за „лалињата“ со 15 успешни интервенции, Малестајн беше најефикасна во победничката селекција со шест погодоци, додека прв стрелец на натпреварот беше Словенката Станко со седум постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА