Норвешка славеше на скандинавското дерби со Данска (27-24) во најинтересниот дуел од денешната програма на ракометниот европски шампионат за жени. Дуелот на двата кандидата за медали донесе интересен ракомет, но поумешни беа Норвежанките, кои го контролираа резултатот, се одлепија во вистински момент и на крајот стигнаа до заслужена победа.
Солберг блескаше на голот на Норвешка со 15 интервенции, а најефикасни во нападот беа Бристел и Рајштад со по пет погодоци. Треба да се истакне дека Норвешка стигна до триумфот и покрај слабиот шутерски ден на Рајштад, кој постигна пет гола, но имаше и дури девет промашени обиди.
Домаќинот Унгарија славеше во пресметката со Црна Гора со 26-20, нанесувајќи им го на Црногорките првиот пораз на овој шампионат. Балканската селекција одлично отвори и во 10. минута поведе со 2-6, но Унгарките тогаш се разбудија, уште до крајот на полувремето направија голем пресврт (16-11) и стигнаа до значајна победа со која се задржаа на врвот на табелата.
Шемери имаше 15 одбрани за Унгарија, најефикасна во победничката селекција беше Клујбер со шест гола, но од дури 16 обиди, додека прв стрелец на Црна Гора беше Јауковиќ со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА