ЕП во атлетика: Андреас Трајковски не влезе во финалето на скок во далечина

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски, не супеа да обезбеди финале во скок во далечина на Европското првенство кое се одржува во Рим, Италија. Трајковски успеа да скокне 7,73 метри, со што го освои само 22. место.

Неговито најдобар обид се случи во третата серија, кога беше за 22 сантиметри пократок од скокот на Страхиња Јованчевиќ, кој последен успеа да обезбеди место во финалето.

Најдобриот скок го имаше Симон Ехамер од Швајцарија (8,41 метри), и е најдолгиот скок во квалификации на европските првенства.

На ова ЕП ќе учествува и Дарио Ивановски кој ќе трча на полумаратонската трка.

Се вчитува...