„Епски пресврт“ на Клиперс против Денвер, Мемфис ги „преслушаа“ и Вориорс (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Лос Анџелес Клиперс стигна до домашен триумф над Денвер од (87-85), откако во еден дел од мечот имаа и минус 25 (34-59).

Амир Кофи со 18 поени беше најпрецизен кај победникот, додека кај поразените недоволни беа и 30 поени на Арон Гордон.

Мемфис Гризлис стигнаа до 10 победа во низа во НБА откако славеа против Голден Стејт Вориорс со 116-108. Жа Морант со 29 поени повторно беше прво име кај победникот, додека кај поразените Стеф Кари заврши со 27 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Оклахома 122-118, Торонто – Феникс 95-99, Чикаго – Детроит 133-87 и Њу Орлеанс – Минесота 128-125.

Се вчитува...