Епски пресврт на Звезда, Ефес во дербито подобар од Барселона

Анадолу Ефес ја совлада Барселона нагости во дербито на колото во кошаркарската Евролига со 82-86 Нијанси одлучуваа во натпреварот меѓу две израмнети екипи кои се фаворити за учество на Ф4 турнирот сезонава.

Епски пресврт на Црвена Звезда на гостувањето кај францускиот АСВЕЛ. Белграѓани по првата четвртина имаа негатива од минус тринаесет (30-17). Одличната игра во третата четвртина во која успеаја да постигна неверојатни 34 поени, беа клучни во големиот пресврт кој успеаја да го направат „црвено-белите“, а со кошот на Пантер на две секунди до крајот да стигнат до конечен триумф од 80-83.

Во останатите мечеви ЦСКА Москва беше сигурна нагости против Баерн Минхен со 77-84, во руското дерби Химки дома загуби од Зенит со 81-83, а Олимпиакос ја совлада Валенсија нагости со 91-93.

Се вчитува...