Ерата на Ерик тен Хаг започнува против Ливерпул

Манчестер Јунајтед е подготвен за нова ера во која главниот збор ќе го има Ерик тен Хаг. Холандскиот стратег веќе е во Манчестер и започна со работа во клубот, а интересно неговата ера ќе започне со најтешкиот, но можеби и најпосакуваниот противник – Ливерпул.

Дебито ќе биде на пријателски натпревар кој ќе се одригра на 12. јули во Банкок и со тој официјално ќе започнат подготовките за новата сезона во која 52-годишникот ќе има тешка задача да ја врати славата на еден од најголемите клубови во историјата.

Манчестер Јунајтед сезоната 2021/22 ја заврши на шестата позиција на табелата со 58 освоени бодови со што стравуваше за место во Лига Европа во последниот меч од сезоната. „Црвените ѓаволи“ беа поразени на гостувањето кај Кристал Палас, но за среќа киксна и Вест Хем на гостувањето кај Брајтон.

Се вчитува...