Ерхан Селими: Шкендија со ‘Еколог’ брзо ќе се врати таму каде што и е местото

Ерхан Селими кој ја презеде клупата на Шкендија по оставката на Ќатип Османи, ја доведе екипата до првата победа во новата сезона. Тетовци во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига славеа против Работнички со убедливи 3-0, верувајќи дека е надмината кризата од стартот на сезоната.

„Оваа победа ни беше многу потребна за да се ослободиме од тој психолошки притисок. Дадовме се од себе за време на паузата да корегираме некои нешта и стигнавме до важни три бода. Имавме и падови во играта но тоа е нормално ако се знае колку беше голем психолошкиот притисок. Фудбалерите беа навистина на висина на задачата. Не чека многу работа наредниот период во кој треба без никаква еуфорија да одиме од натпревар на натпревар“ – вели Селими, притоа дополнувајќи:

„Им честитам на фудбалерите за победата. Сакам да испратам и една силна порака дека Шкендија со ‘Еколог’ ќе се врати таму каде што и е местото“.

Се вчитува...