Ерик тен Хаг, нов тренер на Ајакс

Холандскиот гигант Ајакс го именува Ерик тен Хан за нов тренер на тимот, откако неодамна се раздели со Марсел Кајзер. Како преодно решение беше назначен Михаел Рајзигер, но раководството на клубот успеа да склучи договор со Тен Хаг, кој доаѓа од редовите на Твенте. Тој ќе се обврзе на договор со важност од 2,5 години со Ајакс.

Ерик тен Хаг во минатото има работено како асистент тренер во ПСВ Ајндховен и во Баерн Минхен, а беше прв стратег на Го Ахед Иглс и на Утрехт. Сега добива голема шанса за напредок во кариерата, преземајќи го кормилото на Ајакс.

Се вчитува...