Ериксен на лето се враќа на „голема сцена“

Кристијан Ериксен се врати на фудбалот оваа година, што ги воодушеви сите љубители на фудбалот. Данецот се приклучи на тимот на Брентфорд и пружа добри парии, а се врати и во националниот тим на Данска, каде што постигна голови на првите два меча по неговото враќање, после срцевиот удар кој го доби на мечот со Исланд за време на ЕВРО 2020 во јуни минатата година.

Јасно е дека Тотенхем е заинтересиран да го врати во своите редови, но сега во трката се приклучува и Лестер. Тимот од Лондон засега е блиску да го врати, а за таа можност се огласи и тренерот Антонио Конте.

„Ериксен е одличен играч. Убаво е да се види повторно на ова ниво, среќен сум поради него. Тренира, се труди и не е исклучено да го донесеме на лето. Секако, тоа е нашата желба“, рече Конте.

Се вчитува...