Ериксен на слатки маки за својата иднина, Данецот има многу понуди на маса!?

Кристијан Ериксен е на слатки маки, Данецот потврди дека добил понуди од неколку екипи. Фудбалерот на Брентфорд и натаму не знае што ќе прави ова лето и каде ќе ја продолжи кариерата.

Неговиот моментален клуб посакува да го задржи, но е свесен дека ќе има голема конкуренција во летниот трансфер период.

„Не мислам дека има фудбалери кои можат само да избираат меѓу клубови, бидејќи има многу критериуми кои влегуваат во игра. Има и многу клубови кои мора да го направат истиот пат пред да се случи било каков трансфер. Добив понуди и ми беа дадени различни опции, кои секако ги разгледувам, а потоа очекувам да донесам конечна одлука врз основа на тоа“, вели Ериксен.

Данецот посакува одново да се врати и да заигра во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде еден од главните критериуми при одлуката околу својата иднина.

Се вчитува...