„Ериксен очигледно не сака да игра за Тотенхем“

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен покажа дека не сака да игра за Тотенхем, оценува поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер. Тотенхем во последното коло од групната фаза изгуби од Баерн Минхен, а 27-годишниот фудбалер првпат се најде во стартната постава од доаѓањето на Жозе Мурињо.

„Ериксен веќе не е во љубов со клубот. Очигледно е дека не сака да биде тука“, изјави Флечер. 

Договорот на Данецот му истекува на крајот на сезоната, па веќе извесно време се шпекулира дека уште во јануари ќе го напушти клубот. За него заинтересиран е Реал Мадрид кој сака да го појача средниот ред.

Се вчитува...