Ерменците добија корпа од Де Бјаси, на две седмици пред дуелот со Македонија

Фудбалската репрезентација на Ерменија и понатаму е без селектор, откако Вардан Минасјан си замина од кормилото по поразот од Македонија (2-0) во Скопје. Раководството на федерацијата се обиде да го ангажира италијанскиот стратег Џани де Бјаси, екс-селекторот на Албанија, но тој сепак се заблагодари за понудата.

На две седмици пред мечот со Македонија во Ереван, кој најверојатно е и клучен за освојување на првото место во групата од Лигата на нации, Ерменците се на мака во изборот на нов предводник.

Досегашниот ерменски селектор Вардан Минасјан експресно седна на клупата на тамошниот прволигаш Арарат.

Се вчитува...