Ерменците ја исфрлија Грузија, мечот со Македонија решава за првото место

Ерменија славеше на денешното гостување против Грузија со 1-2, со што ерменските фудбалери останаа единствен ривал на Македонија во битката за првото место во групата од Лигата на Нации.

Грузијците се уште беа во шок по поразот од Македонија од пред неколку дена, а ерменските репрезентативци знаеја како да го искористат тоа и со голот на Адамјан стигнаа до големи три бода во Тбилиси.

Македонија е на чело на групата со девет бода, пред Ерменија со осум, Грузија со шест и Естонија со два бода. Грузијците практично веќе немаат шанси за првото место, па решавачки ќе биде следниот дуел што Македонија ќе го игра против Ерменија на неутрален терен на Кипар, на кој на нашиот национален тим му е доволен и еден бод за да се задржи на врвот.

Се вчитува...