Ерменците после нас стигнаа на Кипар: Капарош и стручниот штаб во авион ја анализираа Македонија

Ерменската репрезентацика синоќа пристигна во Никозија, Кипар, пред утрешниот натпревар со Македонија одлучувачки околу првото место во Ц-лигата од Лигата на нации.

Ерменците после репрезентацијата на Македонија пристигна на Кипар со оставен еден ден можност за адаптација пред дуелот.

Па, и селекторот Жоакин Капарош и членовите на стручниот штаб на репрезентацијата очигледно не сакајќи да губат многу време, во авион, за време на летот од Грузија, каде претходно играа Ерменците, до Кипар имаа доволно време да го анализираат последниот натпревар на македонската селекција и победата од 2-1 против Естонија во Скопје.

Се вчитува...