Ерменците шокирани на Кипар: Четворица фудбалери позитивни на Ковид-19, меѓу нив и Газарјан

Вистински шок доживеа ерменскиот селектор Жоакин Капарош по пристигнувањето на неговата репрезентација на Кипар за последната пресметка со Македонија во Лигата на нации и реализираните тестови на Ковид-19.

Дури четворица ерменски репрезентативци се позитивни на коронавирусот и нема да може да бидат во комбинација за денешниот натпревар против Македонија. Меѓу нив и најдобриот ерменски фудбалер, кој одигра одличен натпревар во победата против Грузија – Ѓорг Газарјан. Позитивни се и Саргис Адамјан, Андре Халешер и Григор Меликсетјан.

Позитивен на Ковид-19 е и кондицискиот тренер на репрезентацијата, Хавиер Мињанон, како и тројца членови на ерменската делегација која пристигна во Никозија.

Се вчитува...