Ерменците тврдат: „Војната“ меѓу „ѕвездите“ Мхитарјан и Мовсисјан е причина за лошите резултати

Ерменската спортска јавност е без сомнение во шок поради очајните резултати на националниот тим во Лигата на нации. Алармот е вклучен по последниот срамен пораз на Ерменците од Гибралтар со кој, се чини, ги загубија сите шанси за првото место во групата.

А, веќе утре ги очекува пресметката и со Македонија во Ереван, меч по кој ние може веќе да обезбедиме место за баражот за пласман на ЕП.

Па, по сите овие случувања во и околу селекцијата, ерменските медиуми на големо ги бараат причините за очајните резултати. Дел од нив тврдат дека сето тоа е поради „војната“ која владее во соблекувалната меѓу двете најголеми ѕвезди во тимот Хенрих Мхитарјан од Манчестер јунајтед и 31-годишниот Јура Мовсисјан кој е поранешен фудбалер на Спартак Москва, а во моментов игра за Чикаго во МЛС лигата во САД.

„Најголемиот проблем во националниот тим е тоа што очигледно има нетрпеливост меѓу Мхитарјан и Мовсисјан. Тие веќе и тврдат дека атмосферата во тимот не е како што беше пред некоја година. Факт е дека меѓу фудбалерите нема меѓусебна почит а во соблекувалната владеат два клана, на Мхитарјан и Мовсисјан. Тие двајцата имаат меѓусебни проблеми на личен план од пред две години кои ете очигледно не се решени. И сето тоа влијае и на резултатите на тимот, само на штета на Ерменија“ – тврдат ерменските медиуми.

Се вчитува...