Ерупција од радост, Витезе слави – УЕФА ги исфрли Конте и Тотнхем од Конференциската лига

УЕФА и официјално одлучи да го регистрира натпреварот помеѓу Тотнхем и Рен со службени 0-3 за францускиот тим во рамки на последното коло од групната фаза во Конференциската лига.

Тимот од Лондон не можеше да настапи на натпреварот закажан на 9.декември поради голем број на позитивни случаи на Ковид-19. УЕФА го смета за неодигран и победата да му ја додели на францускиот состав.

Рен веќе од претходно имаше обезбедно пласман во нокаут-фазата, па од овој исход најрадосен е Витезе, кој сега ја освојува втората позиција во групата и ќе игра во елиминациите.

Се вчитува...