Ешли Кол има идеален предлог за тренер на Арсенал

Раководството на Арсенал се уште не назначи нов менаџер под отказот кој го заработи Унаи Емери. Во моментов в.д. менаџер е Фредрик Љунберг кој ќе го води тимот до назначување на новиот тренер.

Поранешниот фудбалер на клубот, Ешли Кол вели дека Карло Анчелоти би бил идеално решение за нов менаџер на „топчиите“.

„Кога Анчелоти нешто би говорел сите би го слушале. Карло ќе донесе заедништво во Арсенал. Кога ве води тој на тренинг доаѓате со насмевка, уживате во тоа што го работите, а на натпреварите ви нуди љубов и поддршка“, изјави Кол. 

Покрај Анчелоти кандидати за менаџери на Арсенал се и Масимилијано Алегри, Микел Артета, Рафаел Бенитез и Патрик Виериа.

Се вчитува...