Еспањол го отпушти тренерот Мачин

Шпанскиот прволигаш Еспањол му даде отказ на тренерот Пабло Мачин. По поразот од Леганес (2-0) во изминатото коло, Еспањол се најде на последната позиција на табелата во Ла Лига со само десет освоени бода, а очајните резултати му „пресудија“ на досегашниот предводник на каталонскиот тим.

Мачин беше ангажиран да ја подобри ситуацијата по разделбата со Давид Галјего, но не успеа во обидот. Еспањол ќе ангажира трет стратег оваа сезона, со надеж дека ќе го избегне најлошото и ќе обезбеди опстанок во прволигашкото  друштво во Шпанија.

 

Се вчитува...