Еспањол ја шокираше Барса – само бод на градското дерби

Барселона не успеа да ја задржи предноста во однос на Реал Мадрид, па по денешното реми со Еспањол (2-2) каталонскиот гиганг e израмнет со „кралевите“ на делба на првото место на табелата.

Еспањол прв дојде до предност, но Барселона набрзина направи пресврт благодарение на Суарез. Уругваецот го израмни резултатот на 1-1, а потоа извонредно му асистираше на Видал за вториот гол на Барса. Сепак, тој пропушти уште две стопроцентни шанси во ситуации „еден на еден“ да го совлада голманот Лопез и да стави печат на победата.

Ситуацијата на теренот значително се промени откако Де Јонг наивно доби црвен картон, по што Еспањол тргна во офанзива. Човек на одлука беше „резервистот“ Ву Леи, откако кинескиот напаѓач одлилно се снајде пред самиот крај, со прецизен удар го совлада Нето за еуфиорија меѓу навивачите на „фенерџијата“, за избегнатиот пораз во дуелот со актуелниот шампион.

Се вчитува...