Вест Хем Јунајтед ја забележа само втората победа во Премиерлигата од стартот на сезоната изненадувајќи го Њукасл Јунајтед со 3-1.
Овие се првите три бодови под водство на новиот тренер Нуно Еспирито Санто кој не го криеше задоволството по крајот на натпреварот, велејќи дека пристпот на овој натпревар треба да биде тој кој ќе биде пример за секој следен.
„Како започна натпреварот, како да беше се против нас. Имавме статива, па постигнаа гол од контра. Ни поништија пенал, но момците дадоа се од себе, работеа напорно и беа организирани. Имаше моменти пред да го постигнеме првиот гол кога чуствувавме дека заслужуваме. Имавме амбиција и тоа е најважниот аспект од играта за нас.
Овој натпревар и победата на овој начин ни докажаа колку е битно да бидеме организирани, колку треба да работиме без топка, да играме тимски и да не дозволиме противникот да игра на свој начин“, изјави Еспирито Санто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

