Естонскиот селектор: Македонија покажа зошто е на ЕП, силен карактар да се одигра така по еден историски меч

Естонскиот селектор Карел Волаид со серија пофалби на адреса на македонската репрезентација која сосема заслужено славеше со 2-1 во претпоследниот натпревар од Ц-групата во Лигата на нации.

„Вашата репрезентација заврши одлична работа со пласманот на ЕП за што искрено сакам да и честитам. Тоа е голем успех за Македонија како земја. Но, тоа што сакам да го нагласам дека и денеска покажа зошто е на ЕП. Покажавте дека имате карактер, сите репрезентативци дадоа максимум дури и по еден таков историски натпревар каков што имавте против Грузија. Заслужена победа“ – истакна Волаид на прес-конференцијата по мечот, притоа и со свој коментар околу тоа кого го гледа на крајот на првото место во групата.

„Тешко е да се каже затоа што тоа се две одлични репрезентации, Македонија и Грузија. Но, се неизвесно може и Ерменија на крајот да биде прва. Секој меч во групава беше навистина тежок… Неблагодарно е да прогнозирам што ќе се случи до последното коло.“

Се вчитува...