Етиопиецот Барега прв атлетски златен медалист на ЛОИ во Токио

Етиопиецот Селемон Барега е првиот освојувач на златен медал во атлетика на Летните олимписки игри во Токио откако триумфираше на трката на 10.000 метри. Барега до победата стигна со време од 27:43.22 минути.

Барега зад себе го остави дуото Угандинци, Џошуа Чептегеи и Џејкоб Киплимо кои на крајот мораа да се задоволат со среброто и бронзата.

 

Се вчитува...