Етиопијката Цегај го урна светскиот рекорд на 1500 метри

Етиопијската атлетичарка Гудаф Цегај го урна рекордот на 1500 метри во сала, откако на митингот во францускиот Лиевен успеа да истрча време од 3:53.09 минути.

Таа со ова достигнување за неверојатни 2 секунди и 8 стотинки го урна рекордот на легендарната Гензебе Дибаба кој стоеше од 2014 година.

Одличен резултат на делницата од 1500 метри во машка конкуренција забележа, Норвежанецот Јакоб Ингебритсен кој го постави второто најдобро време во историјата на оваа делница (3:31.80).

За потсетување нашиот Дарио Ивановски годинава на 1500 метри постави време од 3:44.98.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by World Athletics (@worldathletics)

Се вчитува...