Ето ги поправи Италијанците – Не, не е Роналдо најдобар

Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето го демантираше „Газета дело спорт“ кој напиша дека тој изјавил дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Го гледам и Јувентус и не знам. Го имаат Роналдо, најдобриот на сите времиња, го имаат феноменалниот Дибала“, со тие зборови „Газета дело спорт“ го пренесе дел од интервјуто на Ето.

Сепак, тој ги демантираше овие наводи и на твитер објави кој според него е најдобар фудбалер на сите времиња.

„Еден од најдобрите да, но најдобар е Лионел Меси“, напиша Ето. 

Во меѓувреме италијанските медиуми ја повлекоа оваа вест.

Се вчитува...