Еуфорично во Швајцарија… И работа, и релаксација… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација го одработи и вториот тренинг на подготовките во Фусисберг, Швајцарија, во пресрет на петтиот натпревар од Лигата на нациите против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц.

Избраниците на Игор Ангеловски во крајно позитивна атмосфера ја очекуваат новата пресметка верувајќи во победата со која ќе се зачекори кон првото место во групата и пласман во баражот за пласман на ЕП 2020. ‘И сериозна работа, и релаксација’ е мотото на македонските фудбалери со кои се очекуваат последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите…

 

Се вчитува...