Популарниот сајт за кошарка „Eurobasket“ ги објави најдобрите за сезоната 2024/25 во македонската кошарка. Најголем дел од наградите ги освои интернационалецот од Куманово, Александар Радукиќ, а како најдобар Македонец изборот падна на Стојан Ѓуроски.
Радукиќ е одбран за најдобар кошаркар на сезоната, најдобар одбранбен играч, најдобро крило и најдобар европски кошаркар, додека неговиот соиграч, Србинот Урош Луковиќ е одбран како најдобар центар на сезоната.
МВП наградата му припадна на Дион Едвин, а наградата за најдобар тренер на Васко Атанасов.
За најдобар странски кошаркар надвор од Европа е избран Зек Браун, а Американецот е и најдобар бек на сезоната. Наградата за најдобар млад кошаркар ја доби Андреј Шошкиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА