Еурофарм на подготовки во Хрватска – тестови со Загреб и Целје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер своите подготовки за вториот дел од сезоната ќе ги одработат во Загреб, каде тренерот Бабиќ ќе се обиде да ја темпира формата за вториот дел од сезоната во кој ќе следи и борбата за трофеите на домашната сцена. Сепак, Бабиќ ќе го нема целиот тим на располагање, засилувањето Хемдеви заедно со Танкоски, Велковски, Маркоски и Костески учествуваат на СП во Египет, додека Маџовски и Кушан поради повреда нема да патуваат за Загреб, туку ќе останат во Битола.

Според ова, Бабиќ за Загреб ќе ги води следните ракометари: Градимир Чаневски, Благојче Трајковски, Гоце Ојлески, Стипе Мандалиниќ, Марин Вегар, Дејан Кукулоски, Јосип Периќ, Матео Мараш, Невен Стјепановиќ, Мирко Радовиќ, Милан Ѓукиќ, Милорад Кукоски, Елмир Граџан и Павле Атанасијевиќ (отстапен од Еурофарм Пелистер 2).

Воедно, предвидено е македонскиот тим да одигра три пријателски натпревари во овој период во Загреб, против Целје на 21 јануари, против ППД Загреб на 24 јанури и против Велика Горица на 25 јануари.

Се вчитува...