Еурофарм Пелистер без никакви проблеми до рутинска победа над Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер без апсолутно никакви проблеми дојдоа до рутинска победа од 32-24 против Охрид во последниот натпревар од 6. коло во Суперлигата на Македонија.

Уште од самиот старт на натпреварот битолчани почнаа фуриозно па на полувремето заминаа со предност од 17-8.

Сето тоа доволно покажа како ќе се одвива натпреварот и во второто полувреме, па само рутински ја чуваа предноста за конечна победа 32-24.

Еурофарм Пелистер со овој триумф се врати на втората позиција на табелата веднаш зад лидерот Вардар.

 

Се вчитува...