Еурофарм Пелистер без проблеми до Ф4 во СЕХА

Македонскиот претставник во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер го потврди местото меѓу најдобрите четири и учеството на финалниот турнир на првенството со славје од 26-36 и во вториот четвртфинален натпревар во пресметката против Татран Прешов.

Александар Јовиќ по победата во Битола во реваншот настапи со комбиниран тим без неколку првотимци, но немаше проблем да стигне до нова победа. Битолчани стигнаа до предност од 1-5 веќе на отварањето на натпреварот, а до полувремето веќе имаа и двоцифрена преднсот од 10-20 со што немаа проблеми да ја задржат истата до самио крај.

Ненад Костески со 11 гола го предводеше Еурофарм Пелистер, Дарио Стевановиќ броеше до седум, а нив ги следеше Жарко Пешевски со пет гола. Кизиќ беше одличен на голот со девет одбрани. Рабек беше најрасположен кај домаќините со 12 голови.

За Еурофарм Пелистер тоа е ново учество на финалниот турнир во натпреварувањето. „Зелено-белите“ во полуфиналето ќе се сретнат со подобриот од натпреварот помеѓу Партизан и Веспрем.

Се вчитува...