Еурофарм Пелистер на подготовки во Маврово

Еурофарм Пелистер од денеска во Маврово ја почнува првата фаза од подготвките за новата сезона. Екипата која вчера го имаше првиот тренинг, денеска отпаува за Маврво каде ќе престојува две седмици. По завршувањето на овој дел од подотвките тренерот Жељко Бабиќ ќе ја темпира формата преку турнирски контроли. Пелистер ќе биде еден од тимовите кои во август ќе бидат дел традиционалниот струшки турнир.

Тимот на Евурофарм Пелистер претрпе драстични промени и со седум нови лица влегува во новата сезона.  Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски се нови имиња во споредба со минатогодишниот ростер, а екипата ја напуштија Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски, Кузманоски. Во претстојната сезона Еурофарм Пелистер ќе настапува во Лига Европа, а противниците за во групната фаза ќе ги добие на 28 август.

 

Се вчитува...